28/03/2024
Македонија

Јапонска бизнис делегација во посета на Република Северна Македонија

Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија, Јошихиро Секи на 10.6.2019 и 12.6.2019 ќе биде во тридневна посета на Република Северна Македонија. 

Во рамки на оваа посета Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и бизнис делегацијата од Јапонија, а ќе се реализира и билатерална средба со министрите од економскиот тим во состав на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерка без ресор задолжена за старнски инвестиции, Зорица Апостолска. 

Во вториот ден од посетата на јапонската бизнис делагција на нашата земја, предвидена е посета на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и обиколка на Бунарџик 1 и 2, а потоа и работна средба со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на којашто ќе се презентираат инвестициските можности во нашата земја и политиките за првлекување на странски директни инвестиции. Пред почетокот на состанокот предвидени се кратки изјави за медиумите на вицепремиерот Анѓушев, министерката Апостолска и министерот Секи.