28/03/2024
Охрид

Јавен оглас бр.02/2018 за добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 087951/10 донесена на седницата на Совет  одржана на ден 11.06.2015година, Oпштина Охрид објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.02/2018

За добивање на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници

1.Предмет на овој оглас е доделување на дозволи за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници на патници во летниот период за:

  • 4 пакет линии (пакет линија 8,9,12 и 13) со утврдено време и место на поаѓање за период од 10.07.2018 до 31.08.2018 година за следните релации:
    • – Охрид-Славија(Св.Стефан)-Охрид;
    • – Охрид-Лагадин-Охрид и
    • – Охрид-Градиште-Охрид.

Јавниот оглас, Пакет линиите и останатата документација потребна за учество на овој оглас може да се повлечат електронски од веб страната на Општина Охрид-ohrid.gov.mk.

   2.Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници на патници во летниот период:

1) да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај,
2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз или да има соодветен договор за лизинг или закуп.  Возилата да ги исполнуваат посебните техничко- експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз;
3)  да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум по еден возач по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;
4) управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и
5) да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.

Посебни услови:

За докажување на бараните услови превозникот доставува:

    1. Фотокопија од ДРД образец издаден од Централен регистар на РМ, уредно потврден со печат и потпис од превозникот не постар од 6 месеци,
    2. Фотокопија од сообраќајна дозвола или фотокопија од договор за лизинг или закуп и потврда за исполнување на техничко експлоатационите карактеристики издадена од овластена институција,
    3. Список на вработени по обврзници издаден од овластена институција, не постар од 60 дена,
    4. Фотокопија од сертификат за професионална компетентност,
    5. Потврда од надлежна институција дека против превозникот не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај и
    6. Фотокопија од важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз,

Посебни услови:

1.Еден превозник може да учествува односно да аплицира само на еден пакет линија. Секој превозник може да аплицира на секоја од понудените пакет линии а да добие само една пакет линија. По добивањето на една пакет линија превозникот нема да биде поканет за учество за пакетите кои следат. За пакетите во кои ке се јави како понудувач само еден превозник нема да се спроведе аукција и пакетот ке му биде доделен по првично понудената цена под услов понудата да не биде помала од 2000.00 ден. согласно Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-7951/10 од 11.06.2015 год. донесена од страна на Советот на Општина Охрид.

2.Превозот мора да го врши со возило кое е лиценцирано од страна на Општина Охрид за вршење на општински линиски превоз, истото да има важечка лиценца  и

3.Согласно член 18 од Законот за превоз во патниот сообраќај на РМ превозниците кои аплицираат на јавниот повик мора да поседуваат лиценца за вршење на општински линиски превоз.

4.Почетниот износ на понуден надоместок за користење на автобуски стојалишта согласно горе наведената Одлука на Совет не треба да биде понизок од 2.000,оо денари.

5.Со сите превозници добитници на пакет линија по завршување на огласот ќе биде склучен договор и ќе му биде доделена дозвола за вршење на дополнителен сезонски превоз за период од 10 Јули до 31 Август 2018 година.

 6.Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:

  – Пакетите на дополнителен сезонски превоз ќе му бидат доделени на оној правен субјект кој во целост ги исполнува  условите од точка 2 од јавниот оглас, на електронското наддавање понудил највисока цена за користење на автобуски постојки за реализација на пакетот на линии  и потпишал  изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.

Почетна станица за поаѓање и враќање  на патници ќе биде на ул. Караорман после влезот Гимназија.

7. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:
Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на документи во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:

-е адресиран со точна адреса на договорниот орган, 
-го содржи бројот на огласот и називот на огласот за кој аплицира 
-во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

  Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:

„Не отворај“

   ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2018

Дополнителен сезонски превоз
                                                                                  
                                   До
                                                                                  Општина Охрид
                                                                                       ул. „Димитар Влахов“ бр.57

Документи кои треба да се достават во затворениот внатрешен плик:

Целосно пополнет образец на понуда(унифицираниот образец прикачен на веб страната на општината);

Документите во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од  точка 2(два) од јавниот оглас;

уплатница на име депозит за учество на јавниот оглас во висина од 2.000,оо денари(депозитот се уплаќа за секоја линија посебно) и

Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници).

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

Депозитот за учество за учесниците кои нема да добијат дозвола за вршење на дополнителен сезонски превоз за одредена пакет линија е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат дозвола за вршење на сезонски превоз по завршување на јавното наддавање ќе се одбие од вкупниот надоместок утврден на позитивната аукција.

Заинтересираните превозници своите понуди за Јавен оглас 02/2018 треба да ги достават, најдоцна до 23 Јули 2018  година до 12:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас 02/2018 ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Отворањето на понудите ќе се изврши јавно на ден 23 Јули 2018 година во 12:00  часот.

Информации во врска со наддавањето дополнително ќе им бидат доставени на учесниците.