29/03/2024
Дебрца

Јавен повик до доверителите на Општина Дебрца и доверителите на единките корисници основани од Општина Дебрца од областа на образованието

Јавен повик до доверителите на Општина Дебрца и доверителите на единките корисници основани од Општина Дебрца од областа на образованието за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Дебрца и доверителите

на единките корисници основани од Општина Дебрца од

областа на образованието

за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

            Се повикуваат доверителите на Општина Дебрца и доверителите на единките корисници основани од Општина Дебрца од областа на образованието да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

            Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

            Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

            Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Дебрца и доверителот
  • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од општината или да ја превземат од web страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Дебрца и доверителите на единките корисници основани од Општина Дебрца од областа на образованието ” ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Дебрца.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општина Дебрца (од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден), во с.Белчишта.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 046 286 855 – Одделение за финансиски прашања, или на електронската адреса: contact@debrca.gov.mk

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Дебрца во рок од 8 дена ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Дебрца ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

ОПШТИНА ДЕБРЦА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Зоран Ногачески

Прилог: Пријава за Јавен повик до доверителите на Општина Дебрца и доверителите на единките корисници основани од Општина Дебрца од областа на образованието за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања