25/04/2024
Охрид

Јавен повик до доверителите на Општина Охрид и доверителите на единките корисници основани од Општина Охрид

Врз основа на 27 став (2) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.61/04, 96/04,67/07, 156/09, 47/11, 192/158 и 209/18) и на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18 од 15.11.2018), Градоначалникот на Општина  Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До доверителите на Општина Охрид и доверителите на единките корисници основани од Општина Охрид, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Охрид и доверителите на единките корисници основани од Општина Охрид, од областа на образованието, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е  30 (триесет) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаaт сите доверители за доспeaни, а неплатени обврски,  кои се пријавени на ЕСПЕО системот заклучно со септември 2018 година  со цел спогодбено утврдување на износот.

Со пријавата во која ќе биде означено дали се однесува за Општината или за единки корисници основани од единиците на локалната самопуправа, доверителите се должни да ја достават и следната документација:  

– Договор или друг правен акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Охрид и доверителот

– Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица) и 

– тековна состојба не постара од 6 (шест) месеци.

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општина Охрид или да ја превземат од web страната на Општина Охридwww.ohrid.gov.mk

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општината Охрид (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул.„Димитар Влахов“ бр.57,6000 Охрид.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број: 046/262-492 Локал 103 или на електронската адреса: finance@ohrid.gov.mk

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Охрид  ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Охрид ќе постапи во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.61/04, 96/04,67/07, 156/09, 47/11, 192/158 и 209/18) Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18 од 15.11.2018).

За обврските на општината, градоначалникот пристапува кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината. За што се составува и потпишува записник за секој доверител.

Градоначалник на Општина Охрид
д-р. Јован Стојаноски

10.12.2018 година, Охрид