19/04/2024
Охрид

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Бр. 09-4229
Охрид, 27,03,2018г.

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) општина Охрид распишува:

Ј А В Е Н   П О В И К

за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

  • Јавниот повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Службен весник на РМ” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), се распишува во првиот квартал на 2018 год.
  • Јавниот повик ќе трае од 30.03.2018 год. до 30.04.2018 год. односно 31 (триесет и еден) ден.
  • Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од овој закон и тоа: детален урбанистички план (ДУП), урбанистички план за село (УП за село) и урбанистички план вон населено место (УПВНМ).
  • Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов или изменување и дополнување на постоечки: ДУП, УП за село и УПВНМ, со конкретен предлог доставен од страна на подносителот на иницијативата. Иницијативите можат да бидат доставени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општина Охрид во определениот рок.
  • За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.
  • Подносителите на прифатените иницијативи, правни или физички лица, во целост ќе ги сносат сите трошоци за изготвување на урбанистичките планови.
  • Јавниот повик ќе биде објавен во службено гласило на општина Охрид, на веб страната на општина Охрид – www.ohrid.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник “Нова Македонија”.