06/12/2024
Охрид

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2)

ОПШТИНА ОХРИД ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

 

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

Општина Охрид и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области:

1. Младински активизам и партиципација

1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенциј

а и спречување со сите видови на насилство.
1.2 Активности за поддршка на младите во рурални средини
1.3 Поддршка на младите, младинската партиципација и младинскиот активизам.
1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.

2. Родова еднаквост, економска и социјална инклузија

2.1 Активности за зголемување на веш

тините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба.
2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделското производство, како и активности и едукација за одгледување на органско производство.
2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливи категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот.
2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на жртви од семејно насилство.
 

3. Туризам, заштита на животната средина и култура

3.1 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно- историското наследство на Општина Охрид.
3.2 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите од руралните средини.
3.3 Проекти за подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство и биодиверзитетот.
3.4 Заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест.
 

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024). 

Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.

АНЕКС 1 – ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ

АНЕКС 2 – ПРЕГЛЕД НА БУЏЕТОТ

АНЕКС 3 – ЛОГИЧКА РАМКА

АНЕКС 4 – ПЛАН НА АКТИВНОСТИ И ВИДЛИВОСТ/ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ

АНЕКС 5 – ФОРМУЛАР СО АДМИНИСТРАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ

АНЕКС 6 – ФОРМУЛАР СО ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ

АНЕКС 7 – ИЗЈАВА ЗА ПОДОБНОСТ

АНЕКС 8 – ИЗЈАВА ЗА ДВОЈНО ФИНАНСИРАЊЕ

АНЕКС 9 – Листа за проверка

АНЕКС 10 – Насоки за подносители на апликации

АНЕКС 11 – ЦЕЛИ НА ОДРЖЛИВРАЗВОЈ

АНЕКС 12 – НАЈЧЕСТИ АДМИНИСТРАТИВНИ ГРЕШКИ, СЛАБОСТИ И ПРЕПОРАКИ


WebOhrid / 04.02.2022 / Општина Охрид