09/12/2024
Охрид

Јавен повик за пријавување на кандидати за курс за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид објавува повик за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 18-25 јуни 2018 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:

  • да се на возраст не помлади од 18 до 35 години (да достават соодветен доказ – извод на родени, лична карта);
  • да достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Повикот е отворен од 01 до 15 јуни 2018 година, а кандидатите можат да се пријават, лично, во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 часот, електронски преку facebook страната на Црвен крст Охрид или на телефоните 046 261-909, 046 262-706, 070 315-309.