19/04/2024
Охрид

Јавен повик за пријавување на штети од поплавите на 4ти февруари годинава

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека поплавите кои го зафатија подрачјето на Општина Охрид на 04.02.2018 година, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти ( станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 06.02.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492.

Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето.