19/04/2024
Македонија

Јавен повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во Спортска Академија, паралелка за тенис

Спортската академија започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ – Скопје во паралелка тенис за учебната 2018/2019 година.

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:
– Скаутирање од стручни лица
– Селекција од стручен тим
– Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција за тенис:
Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше)
Датум:.27.04.2018г
Место:ТК Југ – Скопје, Градски Парк бб – Скопје
Почеток: 10:00 ч

Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга)
Датум: 28.04.2018г
Место: ТК Битола – Битола, ул. Цане Василев 2/22 – Битола
Почеток: 10:00 ч.

Штип (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Свети Николе, Кратово, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Гевгелија и Дојран)
Датум: 28.04.2018г
Место: ТК Триумф ул. Брегалничка бб – Штип (спроти трговскиот центар ЕЛКОС)
Почеток: 10:00 ч

Финална селекција: за сите кандидати кои ќе ја поминат првата селекција

Датум: 18.05.2018г
Место: ТК Југ – Градски Парк бб –Скопје
Почеток: 10:00 часот.

Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција непосредно пред почетокот на селекцијата.

За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:

-Дана Бишкоска 075/346-973
-Нуран Кадриу Џамбази 076/445-059
-Пенка Мантова Здравковска 076/485-054

Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.