Јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП_2.5.66 и ГП_2.5.65 помеѓу КП 16661/1 и ДР. и КП 16660, КO Охрид 3

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16 и 163/16) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-10447/5 од 21.09.2018 година, Градоначалникот на општина Охрид дава:

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на

АУП за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП_2.5.66 и ГП_2.5.65 помеѓу КП 16661/1 и др. и КП 16660, КO Охрид 3, со основна класа на намена А1-домување во станбени куќи во ДУП за дел од УЗ 2, дел од Блок 2.5-опфат1, Охрид,Општина Охрид

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на АУП за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП_2.5.66 и ГП_2.5.65 помеѓу КП 16661/1 и др. и КП 16660, КO Охрид 3, со основна класа на намена А1-домување во станбени куќи во ДУП за дел од УЗ 2, дел од Блок 2.5-опфат1, Охрид, Општина Охридсо тех.бр.12/18 од јуни 2018изработен од Друштво за просторно и урбанистичко планирање ПОЛОГ ПРОЕКТ-ПРО ДОО Гостивар.

1.Просторот на планскиот опфат се наоѓа во границите на ГП 2.5.66 и ГП 2.5.65, помеѓу КП 16661/1 и др. и КП 16660, КO Охрид 3, во ДУП за дел од УЗ 2, дел од Блок2.5-опфат1, Охрид, Општина Охрид.

2. Јавната анкета  ќе трае од 27.09.2018  03.10.2018 год.

3. Јавната презентација  ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 01.10.2018 год. со почеток во 12.00часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  АУП-от ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.