19/04/2024
Охрид

Јавна анкета и јавна презентација за измена и дополнување на ДУП за УЗ 15 (15ти Корпус), дел од УБ 15.1-плански опфат 1 Општина Охрид предлог план 2014 – 2019

Согласно член 17,  24 и 24-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05,  137/07,  91/09,  124/10,  18/11,  53/11,  144/12,  55/13,  163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19 -1734/    од 06.03.2018 год. Градоначалникот на општина Охрид објавува

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 15 (15 ТИ КОРПУС),  ДЕЛ ОД УБ 15.1  – ПЛАНСКИ ОПФАТ 1,  ОПШТИНА ОХРИД
ПРЕДЛОГ ПЛАН 2014-2019 [линк]

1. Просторот на планскиот опфат на Предлог – Измена и дополнување на Детален урбанистички план за УЗ 15 (15 ти Корпус),  дел од УБ 15.1 – плански опфат 1,  општина Охрид е опфат со површина од 1, 20 ха и тоа во граници на:
– од југ граничи со ул.Живко Чинго;
– од север граничи со јужната граница на кп 8690,  кп 8688,  кп 8685,  кп 8660 и кп 8671/2;
– од запад граничи со ул.15-ти Корпус;
– од исток се движи по источната граница на кп 8671/1,  кп 8684,  кп 8693.

2. Јавната анкета ќе трае од 08.03.2018  21.03.2018 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 16.03.2018 год (петок) со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Сите заинтересирани физички и правни лица,  како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.