28/03/2024
Охрид

Јавна презентација и јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за претоварна станица и постројка за биогас

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 , 93/13,42/14,44/15, 129/15 и39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид

О Р Г А Н И З И Р А

  1. Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД  за Претоварна станица и постројка за биогас на дел од КП бр.1219/1 , КО Долно Лакочереј – вон град, Општина   Охрид. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина  за ЛУПД  за Претоварна станица и постројка за биогас на дел од КП бр.1219/1 , КО Долно Лакочереј – вон град, Општина   Охрид.
  2. Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот    почнувајќи  од 18.12.2020 год. до 17.01.2021 год.и web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk
  1. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 11.01.2021год.во големата сала  на Општина Охрид, со почеток во 12 часот, со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19
  2. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози  по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ЛУПД ЗА ПРЕТОВАРНА СТАНИЦА И ПОСТРОЈКА ЗА БИОГАС НА ДЕЛ ОД КП БР.1219/1, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ – ВОН ГРАД