09/12/2024
Охрид

Јавна презентација на Проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“

Утре на 26.10.2018 година (петок), со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи презентација на проектот ,,Реконструкција на Кеј Македонија“. По обраќањето на градоначалникот Јован Стојаноски, пред присутните ќе биде презентиран овој исклучително важен проект, а потоа ќе следи дискусија.

На настанот ќе присуствуваат претставници на изработувачот на основниот проек „Астрекс“ од Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита , Комисија за заштита на природно и културно наследство на Охридски регион, Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“, ПЛРК, Капетанијата на пристаништа, Еколошкото друштво „Грашница“, „Охрид СОС“, ХОТАМ, Туристички кластер ЕДЕН, Здружението на водичи „КЕЈ“, јавните комунални претпријатија од Охрид, невладини организации и граѓани.