20/04/2024
Охрид

Јавна расправа по нацрт закон за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Јавната расправа ќе се одржи  во големата сала на Општина Охрид на 23.02.2022  (среда) со почеток во 12:00 часот.

Во салата ќе бидат почитувани пропишаните КОВИД мерки и ќе биде овозможено присуство на лица кои ќе покажат серитифат за вакцинација со две дози на вакцина или сертификат за прележан COVID 19  не постар од 6 месеца.

Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

  • Коментари/мислења/сугестии по Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.

Сите заинтересирани, учеството на јавната расправа може да го потврдат најдоцна до 21.02 .2022 (понеделник) на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Снежана Ѓеоргиевa на: +389 70 243 123


WebOhrid / 17.02.2022 / Општина Охрид