20/04/2024
Дебрца

Јавна Расправа за „Реконструкција на улици во село Мешеишта“ и „Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца“

Денес во општинските простории во с.Мешеишта се одржаа јавни расправи, градоначалникот Зоран Ногачески со членовите на советот на општина Дебрца и граѓани за подготовка на Физибилити студијата, односно документ за оправданоста на проектите „Реконструкција на улици во село Мешеишта“ и „Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца“ (набавка на механизација), а за кои Општина Дебрца има аплицирано за средствата од ЕУ ИПА грантот.

Јавните расправи ги спроведуваше ангажираниот консултант од страна на Министерството за финансии, м-р Светлана Петровска, од Центарот за промоција на Одржливи Земјоделски Практики и Рурален Развој – ЦеПроСАРД, Скопје.

Присутните ја потврдија оправданоста и потребата од одобрување и имплементација на проектите.