29/03/2024
Охрид

Јавна расправа за унапредување на правата на заедниците

Во организација на охридското здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ и Агенцијата за остварување на правата на заедниците од Скопје, денеска во големата сала на општина Охрид се одржа јавна дебата за унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу заедниците во локалните самоуправи.

На јавната дебата воведни излагања имаа Илхан Рахман, директор на Агенцијата за правата на задниците кои се под 20 отсто од населението, Сретен Коцески, извршен директор на Институтот за развој на заедниците и проф. д-р  Рубин Земон од Универзитетот „ Евро-Балкан“ .Во расправата посебно место имаа прашањата за   унапредувањето на правата на етничките заедници во Охрид.