18/04/2024
Охрид

ЈП „Билјанини Извори“: Eлектронската рампа во близина на споменикот Фаќач на крст е во функција

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите корисници на електронски картици издадени од Општина Охрид дека електронската рампа во близина на споменикот Фаќач на крст е во функција.

„За жал електронската рампа еден период не беше во функција за што се извинуваме и им благодариме на сите за разбирањето.“- велат од претпријатието.

Исто така ЈП „Билјанини Извори“ ги замолува сите корисници на електронските картици да не ги злоупотребуваат истите и да се придржуваат кон насоките од ЈП „Билјанини Извори“ и правилата за користење на истите.

За секоја злоупотреба на електронската картица истата ќе биде блокирана и корисникот нема да има право на обнова на истата.