19/04/2024
Охрид

ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за чистење на градскиот кеј

Поради временските неприлики и засилениот јужен ветар, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ изминатиов викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на просторот околу градското пристаниште и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.

Големите езерски бранови по шеталиштето и во крајбрежниот појас исфрлија големи количини најразновиден отпад (тешко разградлив комунален отпад, трска, реса и др.) кои секојдневно се расчистуваат и транспортираат.

Со акцијата ќе се продолжи и во следните  денови.