Јубилејна, 55. македонистичка школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на УКИМ, во Охрид
Со учество на шеесетина семинаристи, од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка, што е најголем број учесници изминативе неколку години, денеска во Охрид, започна, јибилејната, 55 македонистичка школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, на УКИМ.
На свеченото отворање на Школата, на брегот на Охридското Езеро, во Универзитетскиот центар, учесниците ги поздрави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Чест и задоволство е да се биде во друштво со семинаристи, македонисти и слависти од 17 земји во светот, годинава над шеесетина, рече претседателот Пендаровски, кој разговараше и се фотографираше со многумина, на нивно барање и желба.
–Сѐ додека има говорници на еден јазик тој ќе постои. Сѐ додека постоиме и говориме на македонски, ниту една негација, фуснота, забелешка или што и да е, не ќе може да ја прикријат вистината. Сите ние кои ги изговараме македонските зборови сме гарант за неговото постоење и сила. Ниту еден документ, декларација, изјава, не можат да обезбедат постоење и траење на еден јазик, ако не е жив односно ако никој не го употребува, нагласи, мегу другото, претседателот Пендаровски.
Пред учесниците и колегите професор, се обрати и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Јанкулоски упати благодарност до учесниците, кои доагаат во се поголем број и од сите краишта на светот, што говори за интересот за македонскиот јазик мегу славистите, но и воопшто кај младите луге.
-Колку што повеќе го негираат и го оспоруваат македонскиот јазик, неговата посебност и белези, толку повеќе младите луге се охрабруваат да го изучуваат, што е најдобриот одговор кон негаторите, потенцираше Јанкулоски.
На свеченотоп отворање, пригодно обраќање имаше и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Чинот на свеченото отворање, беше искористерн за промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Традицинално, на отворањето, беше промовиран и Зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, за што пригодна реч имаше проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот.
Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора.
Јубилејно издание на Школата донес најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години.
По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција.
WebOhrid / 19.08.2022 / Веле Митаноски