25/04/2024
Охрид

Јубилејна изложба и промоција на монографија „50 години ликовна хроника на Охрид“ од Славко Упевче

Во „Куќата на Робевци“ НУ Завод и Музеј – Охрид, на 5ти јули (петок), свечено ќе биде отворена ликовна изложба, а ќе се одржи промоција на монографијата и изложба „50 години ликовна хроника на Охрид“ од Славко Упевче.

Ќе биде отворена Ликовна уметничка ретроспективна изложба на Славко Упевче по повод 50 годишниот јубилеј од својата прва самостојна изложба. Ќе се одржи Презентација на монографија и изложба на повеќе од 50 оригинални дела од разни фази на уметничкото творештво. Охридскиот „Чинар“ со историски споменици, пастел 2014 Охрид.