28/03/2024
Македонија

Јубилејно 30. издание на Саемот на книга од 3 до 9 мај , бесплатен влез за организирани ученички посети

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека од 3. до 9. мај 2018, Скопски саем, под покровителство на Mинистерството за култура, ќе го одржи 30. издание на Саемот на книга. Саемот ќе се одржи на нова локација во – ВИП Арена Борис Трајковски, а учество ќе земат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот…

По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученициобезбедува бесплатен влез.

Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст.

Се очекува зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители. Издавачките куќи најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.