15/07/2025
Македонија

Јули – Златец

Името ‘јули‘ потекнува од латинскиот „Julius“, дадено во чест на Јулиј Цезар, но кај нашиот народ, овој месец е познат под поетското име „Златец“ – симбол на златното зрно, на сончевото богатство и на зрелоста на природата.

Јули е месец кога сонцето владее со денот, кога нивите се веќе ожнеани, а амбарите се полнат со благодет. Во народната традиција, Златец значел време на одмор по жетвата – но и време за празнување на животот, на природниот циклус и на лебот кој се крши со благодарност.

Во старо време, токму во јули се одржувале панаѓури и летни слави, каде луѓето се собирале со музика, ора и песни – благодарни што годината дала плод. Во некои краишта, се верувало дека ако јули е сушен и жежок, есента ќе биде благородна.


WebOhrid / 01.07.2025