20/04/2024
Спорт

Јунаците од историскиот натпревар од пред 25 години ќе продефилираат на 13 октомври пред натпреварот со Лихтенштајн

Најдобрата репрезентација на Македонија на најдобар начин со две победи  на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Натпреварувањето преку кое Македонија ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство го продолжуваме со два натпревари овој месец, на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“ против Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

На мечот против Лихтенштајн, на 13 октомври, во Скопје, се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покани сите фудбалери што настапија на тој меч, предводени од Дарко Панчев, како и стручниот штаб, на чело со селекторот Андон Дончевски, кој допатува од Австралија. Тие пред натпреварот треба да продефилираат пред публиката на арената „Филип Втори“ и ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на историскиот натпревар.

Верните навивачи на Македонија, од денеска, 03. октомври, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Лихтенштајн преку продажната мрежа на MKTickets.

Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена.  

УЕФА ЛИГА на НАЦИИ, група 4, 3. коло: 

МАКЕДОНИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 13. октомври 2018., 20:45 часот

Во продажба се пуштени и VIP влезници по 1000 денари. Оваа влезница овозможува  VIP искуство за вас, вашите деловни партнери или пријатели:

–  Посебен VIP влез

–  Кетеринг услуга во VIP ресторанот 1 час пред почеток на натпреварот

–  Седишта во централниот дел на новата северна трибина

–  Кетеринг услуга во VIP ресторанот на полувремето од натпреварот

Продажна мрежа на МК Тикетс:
  • Cofee Lab – Штип
  • T.A. Бран – Прилеп
  • Агора – Куманово
  • Вона Пет – Гостивар
  • Кафе Бар Концепт – Струмица
  • Т.А. Ана Турс – Битола
  • Т.А. Атлантик Турс – Кавадарци
  • Т.А. Глобус Травел – Охрид
  • ТА Либеро Травел – Кочани
  • ТА Меридијан – Кичево
  • Тобако Монако – Тетово
  • ТП Гоги – Драчево, Скопје
  • Универзална Сала – Скопје
  • Југотон ГТЦ 1 кат – Скопје
  • Т. А. Атлантик Турс – Скопје
  • Макпетрол Бензинска Пумпа Влае
  • Макпетрол Бензинска Пумпа на Ул. Илинденска
  • Макпетрол Бензинска Пумпа Козле

Online: