19/01/2026
Македонија

Јуни – Жетвар

Името јуни потекнува од латинскиот Iunius, кое се поврзува со римската божица Јунона – заштитничка на бракот и раѓањето, но во земјоделските општества, од дамнина, јуни бил познат како ‘жетвар‘, месец кога земјата го дарува својот најголем плод – житото.

Во старите времиња, жетвата била важен настан проследен со песни, обичаи и народни веселби, славејќи го трудот и благосостојбата што го носи лебот на трпезата.

Денес, жетвата е значително поразлична од онаа во минатото. Тешкиот рачен труд, кој барал многу време и напор, е заменет со механизирани комбајни што за неколку часа можат да ожнеат она што некогаш барало денови макотрпна работа.


WebOhrid / 01.06.2025