29/03/2024
Охрид

ЈУНП „Галичица“ важен дел од функционирањето на Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.

Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк.

Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.


WebOhrid / 21.12.2021 / Општина Охрид