29/03/2024
Охрид

ЈУНП Галичица: Забрането палење на оган, фрлање догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор

Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани, но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите ЈУ Националниот парк Галичица го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

До сите граѓани кои живеат и престојуваат на територијата на паркот

Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

Во границите на паркот постојат две излетнички места, м.в. Корита и м.в. Јадера каде е уредено и дозволено на палење оган односно правење скара.

Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе преземе мерки согласно законот.

Строго е забрането плање на стрништата, плевели и други отпадоци. Казната за ваква активност изнесува 6000-8000 евра за правни лица, а 1500 – 3000 евра за физичко лице.

ЈУНП Галичица на сите посетители им посакува пријатен престој во Националниот парк „Галичица”, со молба да не ги уништуваат природните вредности на паркот.