28/03/2024
Македонија

Кадровско екипирање на Платежната агенција, објавен оглас за вработување на 28 лица

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави огласот за вработување на 28 лица. Во огласот се бараат стручни кадри за различни сектори во Агенцијата.

На овој начин ќе се обезбедат соодветни човечки ресури во оваа Агенција, што е клучно за ефикасна реализација на субвенциите за земјоделство и рурален развој, но и за подобра искористеност на парите од европските ИПАРД Програми.

За дефицитот на кадри во Платежната агенција, министерот Николовски алармираше минатата година, и посочи дека за проблемот е запознаена и Владата. Кон крајот на минатата година најави дека ќе се започне со кадровско екипирање на Агенцијата, чие што функционирање е важно за имплементација на мерките од Националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и за ефикасно искористување на финанасиските средства од европската ИПАРД Програма.

Тогаш министерот Николовски, нагласи дека е незамисливо во една институција како што е Платежната агенција, каде што има голем број софтвери, кои се важни за реализација на мерките од Националните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во ИТ-секторот да работат само 4 луѓе. Токму во однос на кадровската екипираност во важна Агенција, преку која се спроведуваат и мерките од европската ИПАРД Програма, имаше директни и недвосмислени укажувања и од Европската Комисија.

Повеќе информации на следните линкови:

http://ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

http://ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp