19/04/2024
Струга

Кај жител од струшко Вишни пронајдени и одземени ловечка и воздушна пушка што нелегално ги поседувал

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес извршен во неговата куќа во Струга и во викенд куќа во струшкото село Вишни, пронајдени се и одземени ловечка пушка калибар 16 мм и воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм што нелегално ги поседувал.