25/04/2024
Македонија

Календарски почнува пролетта

Пролетта на северната хемисфера и во земјава почнува денеска во 10.37 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21 јуни во 5.32 часот, кога календарски започнува летото.

За првиот пролетен ден метеоролозите најавуваат облчано време со врнежи од дожд. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.