Календарски утре започнува есента
Календарски утре започнува есента во Македонија и на целата северна хемисфера. Новото годишно време ќе започне точно во 9 часот и 50 минути. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи пролетта.
Според метеоролозите, првиот ден од есента нè очекува облачно време со услови за дожд, со максимална температура до 22 степени.
Есента ќе трае до 22 декември кога календарски ќе почне зимата.