29/03/2024
Македонија

Кампања ,,Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”

Со совети и упатства кон граѓаните како да не станат жртва на извршување на кривично дело тешка кражба од патничко моторно возило полициските службеници од ПС ОН Аеродром во соработка со Црвен крст на Скопје денеска (08.06.2019) пред трговскиот центар Капитол мол ја започнаа кампањата ,,Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил”. Кампањата се реализира со поддршка на Капитол мол. Во склоп на кампањата беше изведена и показна вежба.

Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на своите надлежности, ќе продолжи со превентивни мерки и активности во насока на превенција и едукација на граѓаните.