29/03/2024
Македонија

Кампања за спречување на меѓуврсничко насилство и говор на омраза на социјалните мрежи

Вчеравечер(25.09.2020) на плоштадот „Делфина’’ во населба Влае, со театарска претстава од ученици во средните училишта од Град Скопје,започна кампањата за спречување на меѓуврсничкото насилство и говорот на омраза на социјалните мрежи.

Кампањата е во организација на СВРСкопје, а во соработка со општина Карпош и Форум Театар,составен од ученици од средните училишта од Град Скопје.

Кампањата има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за одговорноста на младите во пресрет на учебната година.

Настанот се одржа на отворено со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.