20/04/2024
Дебрца

Кандидатите за градоначалник на општина Дебрца потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Врз основа на член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборите за градоначалници на општините закажани за 17 октомври 2021 година го потпишуваа Кодексот за фер и демократски избори, пред почетокот на изборната кампања. Согласно насоките денес политичките опоненти од општина Дебрца подадоа рака за конструктивна политичка борба на овие локални избори.  

Тројцата кандидати се обврзаа дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење, се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Недвосмислено се обврзаа дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во другите институции или установи финансирани од Буџетот на државата, нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација врз основа на пол.