29/03/2024
Македонија

Католички Божиќ неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2019 година (среда), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.