28/03/2024
Македонија

Казнети 62 возачи што вчера возеле побрзо од дозволеното во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1.06.2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи што управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје. Утврдено е дека 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 21 прекршочен платен налог и 25 мандатни платни налози.