18/04/2024
Охрид

Ќе се одбележат 25 години од приемот на Р. Македонија во ООН и промоција на зборникот „За и од Киро Глигоров”

Во рамките на научната и уметничка визита 2018 што се одржува во Научен и уметнички центар “Куќа на Уранија”-МАНУ во Охрид на ден 27.08.2018 година во 19:00 часот ќе се одржи Одбележување на 25-годишнината од приемот на Република Македонија во ООН и промоција на зборникот “За и од Киро Глигоров”. Одбележувањето и промоцијата се во организација на МАНУ и Дипломатскиот клуб-Скопје.