25/04/2024
Охрид

Ќе се реконструира влезот и големата Општинска сала

Проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и Салата од Советот на општина Охрид“ беше избран за приоритетен  проект на  Форумот на заедници чијашто последна работна сесија се одржа денеска во Охрид.  UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија во реализација на проектот ќе учествуваат  со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци. 

На работниот состанок присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски кој посочи дека  партиципативната демократија  е извонредна можност за решавање на проблемите во една заедница. Според него ваквите форуми се можност за генерирање идеи  и давање предлози за решавање на проблемите.

На денешната завршна и претходеа три работни сесии  на кои седумте работни групи  во кои имаше  претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор дебатираа и предлагаа  проекти за социјална инклузија.

Доколку при реконструкцијата и адаптацијата на влезот и големата општинска сала   не се потрошат сите   предвидени средства  остатокот од нив ќе бидат пренаменети за реализација на некој од трите преостанати проекти   за кои   гласаа  седумте работни групи на форумот. Станува збор за следните проекти: Уредување на младинска канцеларија и младински совет, поголема туристичка презентација на општина Охрид преку нови форми на маркетинг и подобрување на условите за настава и работа во ОУ “Христо Узунов“. 

Организатор на форумот на заедници е Општина Охрид и истиот е  дел од   проектот , „Зајакнување на општинските совети“.