16/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за трет ден Божиќ

Дебарско-кичевската епархија ги информира граѓаните дека утре 9ти јануари, на празникот Свети Стефан (III ден Божиќ) ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св.Георги“ – Струга.

Света литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Света литургија ќе се служи во манастирот „Свети Стефан“ – Охрид со почеток во 08:30 часот, додека света литургија за Варош ќе има во црквата „Св.врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 08:30 часот.

Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.