25/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија по повод празникот преп.Параскева (Петка) Епиватска

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27. октомври 2018 година (сабота), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во манастирот „св. Петка“ во с.Велгошти – Охрид, по повод празникот „Преп. Параскева (Петка) Епиватска“.

Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овој празник.