20/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св. Варлаам Архиепископ Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 10. јуни 2018 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Варлаам Архиепископ Охридски“, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

По завршувањето на литургијата ќе се освети новиот конак и црковната продавница „Кандило“, кај црквата „св. Богородица Перивлепта“.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.