19/04/2024
Охрид

Ќе се служи вечерна богослужба и литургија по повод празникот Св. Наум Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 02 јули 2019 година (вторник), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид, со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

03. јули 2019 година (среда), со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.