25/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот „Крстопоклона недела“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 11 март 2018 година (недела), во црквата „Св.вмч.Георги“ – Охрид, со почеток во 8:30 ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Крстопоклона недела“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско- сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.