24/04/2024
Охрид

„Ќе те сакам секогаш“ е најновата песна на Христијан Стојоски

„Ќе те сакам секогаш“ е најновата песна на Христијан Стојоски, која што деновиве беше објавена на неговиот „Youtube“ канал. Песната е авторска, а Христијан се надева дека истата ќе биде одлично прифатена од јавноста.

Стојоски деновиве ја промовираше песната „Ќе те сакам секогаш“. Како што вели тој, снимањето на оваа песна се одвивало повеќе од пет месеци.

Комплетен автор на песната е самиот тој, а истата се снимала во студиото на Гоце Цоцески.

„Секоја песна си има своја посвета, така и оваа, а се надевам дека и други ќе се пронајдат во неа“– додава Христијан.

Во продолжение слушнете ја песната…

https://www.youtube.com/watch?v=mr1mJR0UHKA&feature=share&fbclid=IwAR0y17kM8eg-wE8VcKoISIxCLomZX0YflCwzME-CJ7QlfZr_vB311GZZ_3Q