28/03/2024
Спорт

КФСМ испрати два предлози до клубовите од Прва лига – мажи

Во врска со вонредната состојба во нашата Држава поради пандемијата на COVID-19, и неможноста да се одигруваат кошаркарските натпревари од Првата Државна лига-мажи за сезона 2019/20, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија достави два (2) предлози за начинот на завршување на натпреварувањето:

Прв предлог: Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи

Втор предлог: Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од Прва лига-мажи

КФСМ ги моли клубовите да ги разгледаат двата предлози, и утре 29.04.2020 година (среда) со почеток во 11:30 часот, на видео-конференција да го дадат својот глас.

Напомена: Ќе се гласа по дадените предлози, и ќе се усвои предлогот со најголем број на гласови.

Доколку при гласањето од присутните претставници има изедначен број на гласови, КФСМ ќе го даде последниот глас за начинот на завршување на натпреварувањето во Првата лига-мажи.