23/04/2024
Дебрца

Кичевчанец повреден во сообраќајна незгода кај селото Сливово

На 04.08.2020 година во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Сливово, општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(50) од кичевското село Црвевци и товарно возило „Ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.К.(53) од велешкото село Бузалково.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата изврши Јавен обвинител и полициски екипи.