20/04/2024
Македонија

Кирацовски: Еднакви! Можеме! Честит, 8-ми Март

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, по повод 8ми Март, Меѓународниот ден на жената, упати честитка до сите припаднички на понежниот пол.

„8-ми Март е само еден ден во годината кој ја означува континуираната борба за економска, политичка и социјална еднаквост на мажите и жените.

Нашите политики се насочени кон еднакви можности, кон унапредување на правата на жените, економски силни граѓани, мажи и жени, со подобро платени работни места.

Да и дадеме нова димензија на еднаквоста, да ја изедначиме улогата на жената во нашето општество, во нашето секојдневие.

Еднакви! Можеме!

Честит, 8-ми март!“- стои во честитката.