28/03/2024
Македонија

Кирацовски за Водици: Да се сплотиме околу вредностите што водат напред

Изјава за медиуми, Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ

Драги пријатели, почитувани граѓани

Ми претставува особена чест и задоволство што денеска, на овој голем ден за православните христијани сум помеѓу моите сограѓани, помеѓу православните верниците од Битола.

Денешниот голем ден, Богојавление – Водици, во себе ја носи симболиката на новото раѓање, на новите почетоци, испраќа порака на заедништво, меѓусебно помагање и почитување.

Ние како граѓани и како општество, имаме една заедничка заложба, но и обврска да ги почитуваме овие вредности, затоа што истите не држат обединети, тие не водат напред и истите испраѓаат силна порака и влеваат доверба кон она што е чесно и она што е исправно.

На православните верници им го честитам големиот христијански празник Богојавление –Водици и им пожелувам добро здравје, семеен спокој и духовен мир.

Бог се јави, за многу години.