Кире Маркоски дополнитено повикан за натпреварот против Норвешка

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка на 11 ноември на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Кире Маркоски во офанзивниот ред ќе го замени напаѓачот на Палермо Илија Несторовски кој е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел.

Поради повреда селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а по утрешниот собир ќе се знае дали Кире Ристевски и Висар Муслиу ќе бидат во составот за натпреварот со Норвешка.

Собирот на А репрезентацијата е закажан утре во 12:00 часот.