24/04/2024
Охрид

Кола удрила во жена пешак во Охрид

На 27.02.2020 во 16 часот, пријавено е дека во Охрид на крстосницата со кружен тек од улицата „Македонски просветители“ со булеварот „Туристичка“, патничко моторно возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (32) од Охрид, удрило во пешакот С.К.(45) од Охрид.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во специјалната болница “Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Охрид.