Колективниот договор со Шумската полиција ќе биде потпишан до средината на мај

Денеска во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се одржа состанок со претставници од шумска полиција.

На средбата се разговараше за евиденција на прекувремени работни саати кои ќе се докажуваат со записници за одземање на предмети и средства.

Исто така се дискутираше за постапка пред другите надлежни органи, со што реално ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Дополнително, се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишување на колективниот договор.

На денешниот состанок се отвори и прашањето за материјално техничките услови за работа на шумската полиција. Во оваа насока претставници од шумската полиција отсега ќе имаат активна улога во процесот на измена и дополнување на Закон за шумите.